Во организација на Министерството за здравство, со поддршка на Светската здравствена организација, во Бизнис инкубаторот во Берово се одржува тридневна регионална работилница “Заедно за здравјето на сите до 2020 година”.На работилницата учествуваат претставници од здравствените организации, локалните самоуправи, други државни институции и невладини организации кои се блиску до оваа проблематика се со цел да согледа реалната состојба на денешното општество кое нуди големи можности, но и предизвици во здравството.
Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, кој како домаќин ја истакна важноста од реализацијата на активности од ваков тип и се заложи дека локалната самоуправа секогаш ќе дава логистика и поддршка на вакви активносности.
Свое обраќање на отварањето во склоп на темите од работилницата имаа и градоначалникот на општина Штип прим.м-р Илчо Захариев како и Шефот на Канцеларија на СЗО за Македонија Снежана Чичевалиева која потенцираше дека ова е трета ваква регионална работилница која се организира во Македонија.На работилницата учествуваат претставници од здравствените организации, локалните самоуправи, други државни институции и невладини организации кои