Градоначалникот на општина Берово Драги Наџински заедно со општинската администрација во саботата на 01 октомври се приклучија во акцијата “Македонија без отпад 2016“.Акцијата во Општина Берово оваа година се одвиваше на неколку локации со што се даде значителен допринос за намалување на несоодветно депонираниот отпад и се даде еден позитивен допринос за развој на свеста на граѓаните за правилно управување со отпадот.
Локациите кои беа опфатени во Берово беа градскиот парк во Берово, кејот на Брегалница и зелените површини околу градскиот стадион “Димитар Беровски“, додека беше извршено чистење и на велосипедско-пешачката патека околу Беровско езеро.
Проектот “Македонија без отпад 2016“ го спроведува Асоцијацијата „Ајде Македонија“ заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас, и истиот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.
Акцијата се одржа во цела Македонија со подршка на над 50 општини и 70 граѓански асоцијации, со што Општина Берово и Македонија се вклучуваат во глобалната акција Let’s Do It World, поддржана од Европскиот парламент и спроведена во 121 земји во 2015 година.
Акцијата претходно, во петокот на 30 септември ја спроведоа и основните училишта со чистење на училишните дворови.Акцијата во Општина Берово оваа година се одвиваше на неколку локации со што се даде значителен допринос за намалување на несоодветно депонираниот