Во близина на Стража пронајден човечки череп

Вчера околу 13 часот, на земјено проширување покрај магистралниот пат Гостивар-Кичево, половина километар до бензинската пумпа на Стража, граѓанин кој запрел тука, забележал човечки череп и веднаш се јавил во Полициската станица Гостивар.За кусо време на посоченото место испратена е увидна екипа, која во консултација и координација со јавен обвинител, извршила комплетен увид.
Човечкиот череп кој бил беа долна вилица и со 14 релативно сочувани заби е фотодокумениран, подигнат и по наредба на јавен обвинител ќе се вештачи, за да се утврди кому припаѓа и колку е стар, односно од кое време потекнува.
Местото на кое е пронајден черепот од вчера полициски соодветно се обезбедува и планирано е негово целосно пребарување, евентуално да се пронајдат и други остатоци.За кусо време на посоченото место испратена е увидна екипа, која во консултација и координација со јавен обвинител, извршила комплетен увид.

Пронајдете не на следниве мрежи: