Италијанските спасители кои ги извлекоа телата на имигранти кои починале во претесното рибарско бродче на пат од Северна Африка кон Сицилија, денес соопштија дека пронашле 45 тела.Пожарникари во бели костуми за контаминација и маски работеле со часови за да го пробијат тесниот влез под палубата за да можат да ги извлечат настраданите кои биле испреплетени.
Преживеаните и рекле на полицијата дека луѓето кои ги превезувале за пари, ги натерале нивните пријатели да влезат под палубата и ги заклучиле и покрај нивните повици дека умираат од жештина и недостаток од кислород.
Според неофицијални информации, билансот на жртви бил проценет на околу 30, но спасителите денес потврдиле дека починале 45 луѓе. Сите жртви , според локалните доктори, биле возрасни мажи од Централна Африка.
Жртвите биле пронајдени во неделата, кога италијанската крајбрежна стража пресретнала брод кој тргнал од брегот на Северна Африка со околу 600 мигранти од Сирија, Сомалија и Камерун, кон брегот на Сицилија.Пожарникари во бели костуми за контаминација и маски работеле со часови за да го пробијат тесниот влез под палубата за да можат да ги извлечат наст