ВО „ЧЕКОРЧЕ“ ИНТЕРАКТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Децата од градинката „Срничка“, објект „Чекорче“, летните денови ги минуваат низ игра и забава, заедно со студентите од најголемата студентска организација во светот, АИСЕК.Во текот на шест недели, почнувајќи од 20-ти јули до 31-ви август, практикантите преку интерактивни сесии и работилници ќе го подигаат нивото на образование на децата од 4 до 10-годишна возраст и ќе ја шират свеста меѓу нив во врска со прашањата за животната средина.
Темите што започнаа да се реализираат се однесуваат на рециклирањето, заштита на шумите, климатските промени, вода, енергија и др. Целта на проектот „Green Up!“ е да се поттикнат младите да преземат иницијатива за заштита на природните ресурси за идните генерации, да се едуцираат за еколошката култура и да се мотивираат да бидат поактивни за изнаоѓање решенија за еколошки прашања, кои влијаат на нивната животна околина. Стекнатите знаења и искуства од проектот, децата ќе ги промовираат на јавен настан, театарска претстава, која ќе се одржи при крајот на август.Во текот на шест недели, почнувајќи од 20-ти јули до 31-ви август, практикантите преку интерактивни сесии и работилници ќе го подигаат нивото на об

Пронајдете не на следниве мрежи: