Во четврток наутро ќе се изврши авионско прскање против комарци на територијата на Општина БеровоСогласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, Општина Берово ги известува жителите дека на 28.04.2016 година (Четврток) во временскиот интервал од 05.00 до 08:00 часот ќе се врши аеросолна адултицидна дезинсекција (авионско прскање).
Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во утринските часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 850 ха. површини во Општина Берово.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, Општина Берово