Во четврток очекувајте невреме со град!

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, најавуваат метеоролозите за утрешниот ден.Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретка појава на грмежи, особено во североисточниот дел од земјава. Минималните  температури ќе се движат од третиот до дванаесетиот степен, а максималните од 20 до 26 степени.
Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер, а температурите ќе се движат од 9 до 24 степени.
Од УХМР информираат дека во  наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и силен ветер. Локално ќе има појава на невреме со град.
В петок и во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од југозападен правец кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретка појава на грмежи, особено во североисточниот де

Пронајдете не на следниве мрежи: