Во четврток Општина Берово ќе ја одбележи „Европска недела на мобилност“

Општина Берово и оваа година активно се вклучува на одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ која традиционално се одбележува секоја година од 16-ти до 22 септември во целиот свет.Со самото вклучување во оваа акција посебно се одбележува 22 септември – Ден без автомобили, кога се затвара за сообраќај една или повеќе фреквентни сообраќајници кои се резервираат за велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. На тој начин се упатува силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, со избирање на „паметен“ начин на транспорт, со што се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
Престојната активност ќе ја предводат учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово со велосипедисичко дефиле низ улиците во Берово, на кои ќе се приклучат и граѓани.
За изведување на активноста на 22 септември (четврток) улицата „Маршал Тито“во Берово во потегот од раскрсницата со ул.„Даме Груев“ до раскрницата со ул. „Илинденска“ и „Мирче Ацев“ ќе биде забранета за сообраќај на моторни возила во периодот од 10:00 ч до 15:00 ч, додека велосипедистичкото дефиле ќе започне во 12 часот со стартна точка од влезот на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово и истото ќе се движи по ул.“Маршал Тито“ до плоштадот, ќе продолжи по ул.“23ти август“ до раскрсницата со ул.“Моша Пијаде“ по која ќе продолжи и ќе се вклучи на ул.“Партизанска“ кон ул.“Маршал Тито и по која ќе заврши на почетната точка.
За време на велосипедското дефиле и споменатите улици ќе бидат затворени за сообраќај.Со самото вклучување во оваа акција посебно се одбележува 22 септември – Ден без автомобили, кога се затвара за сообраќај една или повеќе фреквентн

Пронајдете не на следниве мрежи: