Во домот на Писториус најдена крвава палка за крикет

Јужноафриканската полиција во домот на параолимпиецот Оскар Писториус пронашла крвава палка за крикет, а тој е осомничен за убиство на својата девојка Рив Стинкамп.Писториус (26), во петокот беше обвинет за убиство со умисла, откако ден порано со четири куршуми ја усмрти несреќната 30-годишна манекенка.Иако, првично се сметаше дека пукал кон неа мислејќи дека е провалник, најпрво го демантираа сведоци кои рекоа дека пред пукањето слушнале женски врисок, а сега одбраната му е отежната со пронајдената крвава палка.Извор од полицијата за City Press вели дека главата на убиената девојка била смачкана, а на палката е најдена големо количество крв.Истражителите сé уште се обидуваат да откријат дали палката е користена за напад на Стеинкамп или таа ја употребила за самоодбрана.„Се сомневаме дека со првиот куршум во спалната соба Стеинкамп е погодена во колкот. По тоа побегнала во бањата, а осомничениот низ вратата испукал уште еден куршум“, вели полициски извор за City Pres“.Писториус, атлетичар со две ампутирани нозе, кој лани на Олимписките игри во Лондон настапуваше во конкуренција на телесно здравите спортисти, се наоѓа во притвор.Во вторник ќе биде одлучено дали ќе биде пуштен со кауција, односно дали ќе може да се брани од слобода.Доколку биде прогласен за виновен ќе добие доживотна казна затвор.
МакфаксЈужноафриканската полиција во домот на параолимпиецот Оскар Писториус пронашла крвава палка за крикет, а тој е осомнич

Пронајдете не на следниве мрежи: