Во една просторија во зградата во Лондон пронајдени 42 тела

Лондонската полиција објави дека 79 луѓе загинале во пожарот кој минатата недела зафати станбена зграда во британската престолнина. Но, многумина сметаат дека бројот на загинати е далеку поголем.Пожарникарите и спасувачите пронашле 42 тела во само една просторија во Гренфел тауер после минатонеделниот пожар, тврди еден жител на Лондон.
Мој пријател работи во противпожарната служба и вечерта преку телефон ми кажа дека во една просторија пронашле дури 42 тела. Никој тоа не го знае, кажа неименуваниот маж.
-Ние кои тоа го знаеме, го знаеме затоа што познаваме пожарникари. Тој не смее да излезе со приказната во јавност, затоа што веројатно ќе добие отказ или нешто слично. Но, пронашле 42 тела во една просторија. Од деца до старци, раскажува видно потресениот маж.
Портпаролот на лондонската противпожарна служба кажа дека не може да ја потврди, ниту да ја демантира таа информација, туку дека полицијата раководи со истрагата. Ниту од полицијата ништо не кажаа за оваа информација.
Пријател на една жртва, кој исто така не сакал да го открие идентитетот на британските новинари, кажал дека тоа е точно.
-Пронашле 42 тела во еден стан. Зборот „трагичен“ ни приближно не може да опише такво сценарио. Вакви работи едноставно го кршат срцето. Можеби се собрале на едно место како би си олесниле еден на друг, изјавил тој за Дејли Мејл.
Лондонската полиција во понеделникот објави дека 79 луѓе загинале или исчезнале, но се претпоставува дека се мртви, во пожарот кој мината недела зафати станбена зграда во британската престолнина.
Началникот на лондонската полиција Стјуарт Канди кажа дека бројот на жртвите би можел и понатаму да се менува, но не толку колку што беше во минатите денови. Тој додаде и дека се пронајдени пет лица кои беа пријавени како исчезнати, но кои се здрави и се на сигурно.
Семејствата на некои од настраданите во пожарот, сметаат дека се погрешило во моментот кога на луѓето им било кажано да не излегуваат од своите станови.
Владата го крие точниот број на загинати
Исто така, некои мислат дека Владата не го објавува точниот број на луѓе кои загинале во пожарот.
-Владата не известува за точниот број на загинати, смета Ноа Багдади, сестра на загинатиот Хешам Рахман, кој живеел на 21 кат.
-Мајка ми му се јави кога го виде димот и панично вика, „Сине, мораш да излезеш надвор, мораш да излезеш брзо“. Ја повикал полицијата за да праша што прави, а тие му рекле да ја заклучи вратата и да остане во станот, раскажува Ноа со солзи во очите.
Таму имало 600 луѓе, никој не знае каде се преживеаните?
Уште една жена која исто така сакала да остане анонимна, кажала дека се сомнева во она што кажуваат институциите за бројот на настрадани во пожарот. Таа тврди дека била меѓу првите сведоци на пожарот од непосредна близина.
-Тоа место е гроб на небото. Таму сигурно имаше 600 луѓе, а никој не знае каде се преживаните. Кој ги видел? Стоев недалеку од зградата додека гореше, слушав луѓе како врескаат, молат за помош, плачат… Имаше многу деца таму. Од тогаш воопшто не спијам, низ солзи раскажувала жената.
 Пожарникарите и спасувачите пронашле 42 тела во само една просторија во Гренфел тауер после минатонеделниот пожар, тврди еден жител на Лондон.

Пронајдете не на следниве мрежи: