ВО ГАРАЖА ја чувал оваа кутија 40 години, кога дознал што има во неа почнале проблемите…

„Пикасо имаше голема доверба во мене“, потврди во вторникот поранешниот електричар на славниот сликар, Pierre Le Guennec (75) првиот ден од процесот поради затајување на 271 дело во Грас, на југоисток од Франција.Pierre Le Guennec раскажа дека Jacqueline, последната муза на Пикасо и сопруга, еден ден му дала кутија полна со дела и рекла дека сето тоа е за него.
Електричарот ја чувал кутијата во гаража цели 40 години. Тврди дека не бил свесен за вредноста на делата. Кутијата повторно ја отворил во 2009 кога бил болен и се загрижил за тоа што ќе се случи со делата после неговата смрт, па се обратил до канцеларијата која се занимава со чување на делата на Пикасо кои ги наследиле неговите деца, вели неговиот адвокат.
Во септември 2010, Le Guennec отпатувал во Париз за неговите дела да ги предаде во канцеларијата. Неколку дена подоцна, полицијата ги запленила.

Првиот ден се сослушани поранешниот електричар и неговата сопруга Далиеле (71), а следниот ден ќе бидат сослушани тројцата наследници на Пикасо, кои веруваат дека делата се украдени.
Делата кои се создадени до 1932 година, се од голема вредност, а станува збор за мали платна литографии, колажи, цртежи и сите се одлично зачувани.Pierre Le Guennec раскажа дека Jacqueline, последната муза на Пикасо и сопруга, еден ден му дала кутија полна со дела и рекла дека сето тоа е за не

Пронајдете не на следниве мрежи: