Голем број граѓани од општината Ѓорче Петров по повод празникот Богојавление – Водици присуствуваа на положувањето на светиот крст во водите на реката Лепенец во село Волково и во водите на Вардар кај Железничкиот мост.На реката Лепенец од 13-те пријавени најбрзо до крстот стигна Александар Радушин од село Волково.
На брегот на реката Вардар, каде што е вториот настан во општината, неколку илјади граѓани од двете општини, Ѓорче Петров и Карпош, заеднички го прославија празникот, а свештениците од двете цркви – „Св Петар и Павле“ и „Св. Пантелејмон“ шести пат одржаа заедничка служба на Железничкиот мост во населбата Хром.
На овој настан учествуваа над 40 граѓани, а најбрзо до крстот во водите на Вардар стигна Марјан Чиликовски.
– Општината, како покровител и на двата настана, за најсреќните обезбеди и пригодни подароци. Нови кумови на прославувањето на христијанскиот празник Богојавленије – Водици за наредната година се Гоце Петрески, претседател на Советот на општината Ѓорче Петров, и Методи Наковски, директор на ООУ „Страшо Пинџур“, соопшти Општина Ѓорче Петров.На реката Лепенец од 13-те пријавени најбрзо до крстот стигна Александар Радушин од село Волково.
На брегот на реката Вардар, каде што е вт