Во кои години жените се најпривлечни?

Неодамнешно истражување покажало дека годините на жените се вистински афродизијак за мажитеСпоред резулатите од истражување кое го спровел еден американски поратл, самодовребата во сексот кај жените го достигнува врвот во раните 30-ти години
Тие тогаш се најпосакувани од неколку причини.
Научиле дека навистина го сакаат своето тело
Несигурните 20-ти се зад нив. Тогаш со часови стоеле пред огледалото, се нервирале поради своите недостатоци и барале мани. Сега конечно го сакаат свеото тело и неговите евентуални мани, како и успешно да ги сокријат.
Сексуална зрелост
До влезот во четвртата деценија од животот, просечна жена менува неколку сексуални партнери. Со тоа, бидејќи го засакала своето тело, полесно ѝ е да се опушти и без срам да ги открие своите најстраствени сексуални желби.
Комуникација
До сега сфатиле дека комуникацијата е основа на се и дека за се треба да разговараат со својот партнер, за да го избегнат и најмалото недоразбирање. Значи, време е за исполнување на вашите и нејзините фантазии!

Привлечност
Жените во своите 20-ти ги заведуваат мажите со својот физички изглед. Но, како што минува времето, доаѓаат лични и професионални успеси поради кои стануваат привлечни во потполно нова смисла. Тие тогаш не се служат само со физичкиот изглед, туку и со развиениот интелект, успехот и самодовербата.
Долги врски
Во 30-те многу жени влегуваат во долги врски, вклучувајќи и бракови. Ова исто влијае на нивната самодовреба, со оглед на тоа дека на подсвесно ниво примаат порака дека некој навистина е подготвен целиот живот да го помине целиот живот со нив.Според резулатите од истражување кое го спровел еден американски поратл, самодовребата во сексот кај жените го достигнува врвот во раните 30-ти год

Пронајдете не на следниве мрежи: