Во кои случаи полицаец може да употреби сила против вас!

Под присилба  се смета употреба на легитимен, соодветен и пропорционален физички или механички притисок, со примена на средства и на начин пропишани со закон, насочен спрема одредено лице од страна на полицискиот службеник, само во случај кога полициските работи на друг начин не можат да бидат извршени.Средства за присилба  се: физичка сила, полициска палка, средства за врзување на лица, уред за присилно запирање на возила, службено куче, хемиски средства, огнено оружје, како и посебни видови на оружје и експлозивни средства.
 
Средствата за присилба можат да се употребат, ако целта на постапувањето на Полицијата не може да биде остварена на друг начин. Забранета е примена на средства за присилба заради изнудување на признание или изјава. Полицискиот службеник секогаш ќе употреби средство на присилба со кое со најмалку штетни последици ќе ја оствари целта така што пред секоја употреба на средства за присилба полицискиот службеник доколку за тоа постојат услови, се легитимира и јасно го предупредува лицето за употребата на средствата.
 
Кога се исполнети условите за употреба на средства за присилба лицата спрема кои ќе се применат овие средства нема да се предупредат, доколку со даденото предупредување би се довело во прашање извршувањето на полициските работи. Полицискиот службеник е должен да престане со употреба на средството за присилба, веднаш штом ќе престанат причините поради кои дошло до негова употреба и е должен да обезбеди помош и медицинска нега на повреденото лице спрема кое е употребено средство за присилба во најкраток можен рок, доколку е тоа неопходно и ако тоа го дозволуваат околностите.
 
Одговорност на полицискиот службеник
 
Кога средството за присилба е употребено во границите на полициските овластувања, се исклучува одговорноста на полицискиот службеник кој го употребил, како и на одговорниот раководен полициски службеник кој ја наредил неговата употреба. Основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на средството за присилба во секој конкретен случај ја оценува непосредниот раководен полициски службеник. Непосредниот раководен полициски службеник го известува надлежниот јавен обвинител за секоја употреба на огнено оружје. Основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на огнено оружје и употребата на средство за присилба кога е предизвикана тешка телесна повреда или настапи смрт на некое лице или кога средството за присилба е употребено спрема повеќе лица, ги оценува организационата единица на Министерството надлежна за вршење внатрешна контрола и професионални стандарди, која ги разгледува околностите под кои е применето средството за присилба и изготвува извештај со мислење за основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на средствата за присилба што го доставува до министерот.
 
Ако против полициски службеник се поведе или води кривична, прекршочна или парнична постапка, поради употреба на средство за присилба или за учество во сообраќајна незгода со моторно возило при вршењето на полициските работи, Министерството му обезбедува бесплатна правна помош. Министерството ќе му обезбеди бесплатна правна помош и на граѓанин кој укажал помош на полициски службеник при вршење на полициските работи, ако против него е поведена кривична, прекршочна или парнична постапка заради дејствија сторени во врска со укажаната помош.
 
Употреба на физичка сила
 
Под употреба на физичка сила, во смисла на овој закон, се смета употребата на различни зафати, боречки вештини или на нив слични постапки врз телото на друго лице, кои имаат за цел одбивање на напад, спречување бегство на лице или совладување на отпорот од тоа лице.

 
 
Употреба на полициска  палка
 
Употребата на полициска палка е дозволена кога со употреба на физичката сила полициските работи не можат да бидат извршени.
 
Употреба на средства за врзување на лица
 
Средствата за врзување на лица се употребуваат заради:
1) спречување на отпор на лица или одбивање на напад насочен спрема
полицискиот службеник;
 
2) спречување на бегство на лица и
 
3) оневозможување самоповредување или повреда на други лица.
 
Полицискиот службеник вообичаено му ги врзува рацете на лицето зад неговиот грб.
 
Употреба на уреди за присилно запирање на возила
 
Уреди за присилно запирање на возила се применуваат заради:
 
1) спречување на бегство на лице кое е затечено во извршување на кривично дело
кое се гони по службена должност;
2) спречување на бегство на лице кое е лишено од слобода или за кое има
издадено наредба за лишување од слобода;
3) спречување на незаконито преминување на државната граница со возило и
4) спречување на недозволен пристап на возила до објекти или подрачја каде што
се наоѓаат лица кои ги обезбедуваат полициските службеници.
 
Употреба на службено куче
 
Службеното куче се употребува како средствo за присилба во случаите кога:
 
1) се исполнети условите за употреба на физичка сила или полициска палка;
2) се исполнети условите за употреба на огнено оружје и
3) се воспоставува нарушен јавен ред и мир.
Во случаите кога се исполнети условите за употреба на огнено оружје службеното куче може да се користи и без заштитна корпа, а во сите други случаи само со заштитна
корпа.
 

 
Употреба на хемиски средства
 
Употребата на хемиски средства е дозволена , во случаи на воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и заради извлекување на лица од затворен простор или заради решавање заложничка ситуација, при што не смее да се загрози животот и здравјето на граѓаните. Хемиски средства можат да се употребат и во случаите кога се исполнети условите.
 
Употреба на огнено оружје спрема лица
 
Полицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога е тоа апсолутно неопходно и кога со употреба на другите средства за присилба полициските работи не можат да бидат извршени. Полицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога на друг начин и со употреба на другите средства за присилба не може:
1) да го заштити својот живот или животот на другите луѓе;
2) да спречи извршување на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор во траење најмалку од четири години;
3) да спречи бегство на лице затекнато во извршување на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор од десет години или потешка казна или лице за кое е распишана потерница заради извршено такво кривично дело;
4) да се спречи бегство на лице лишено од слобода заради извршено кривично дело од точката 3 на овој став или лице за кое е распишана потерница заради бегство од издржување на казна затвор за такви кривични дела и
5) да се спречи напад врз објект или личност што се обезбедува.
 
Пред употребата на огненото оружје, полицискиот службеник ќе упати усна наредба и предупредување “стој, полиција!”, а потоа и втора наредба и предупредување
“стој, ќе пукам!”
 
Пукање во воздух заради сигнализација, барање помош и застрашување, како и пукање во животни кога тие го загрозуваат животот на луѓето, не се смета како употреба на огнено оружје
 
ПРАВДИКОСредства за присилба  се: физичка сила, полициска палка, средства за врзување на лица, уред за присилно запирање

Пронајдете не на следниве мрежи: