Со помош на оваа карта може да видите во кој град во Македонија има најмногу криминал исто така и за каков вид на криминал станува збор.Оваа карта на криминал ќе ви овозможи да дознаете информации повзани со криминалот во Република Македонија. Картата е изработена од страна на Дамјан Темелковски кој дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
КАКО РАБОТИ СИСТЕМОТ- Системот целосно го креирав сам, со тоа што се консултирав за многу работи со асистентот Милош Јовановиќ. Тој ми помагаше во процесот на изработување на системот со совети и препораки. Откако ја одбранив дипломската, по неколку месеци со луѓето од ФИНКИ ја стокмивме и ја објавивме мапата на веб-адресата на која е сега. Како што се гледа, тоа е на компјутер на ФИНКИ, така што немаме трошоци за добивање веб-адреса и тие се покриени од УКИМ и од Владата.Улогата на полицијата во мапата е мала. Веб-страницата на Темелковски ги собира автоматски податоците и ги обработува.- Како резултат на тоа што го прави системот во заднина (автоматски чита од веб-страницата на МВР, ги процесира тие податоци и ги прикажува на мапа) се добива мапа на Македонија со локации на сите настани за кои има објавено краток опис од МВР. Да спомнам дека приватноста е загарантирана со тоа што настаните се лоцирани само по име на улица во градовите или по име на село, па не може да знае некој точно каде се случило нешто и тоа да го злоупотреби. Дополнително, направив и топлинска карта, каде што се покажуваат истите настани, само не индивидуално туку слично на она што е на временска прогноза, црвено каде што се најмногу и слично. Општата цел е да се овозможи луѓето да се информирани за криминалот во населбите во кои живеат или планираат да живеат. Теоретски ова би довело до намалување на криминалот, зашто никој не сака неговата населба да биде со висока стапка на криминал. Ова не е ништо ново, ама она што е ново е тоа што системот користи отворени податоци, кои кој било може да ги види и анализира. Досега беше можно да се види колку и каде има криминал, но само со писмено обраќање до МВР – појаснува авторот Темелковски како работи системот.
Притоа, според податоците може да се констатира дека Скопје е град во Македонија со најмногу криминал.
Имено, картата може да ја погледнете на следниот ЛИНК.Оваа карта на криминал ќе ви овозможи да дознаете информации повзани со криминалот во Република Македонија. Картата е