Во Кривогаштани синоќа се одржа шестата форумска сесија од буџетскиот форум на која пред жителите на општината беа презентирани досегашните резултати и реализираните проекти кои самите жители ги предложија во претходните сесии. Инаку преку буџетскиот форум ова е за прв пат граѓаните на Кривогаштани да се вклучат директно во креирањето на буџетот на локалната самоуправаи сами да одлучуваат како ќе се потрошат буџетските пари.„Се надевам декка оваа шеста форумска сесија, како и претходните 5 сесии кои беа навистина масовно посетении, ќе дадат еден навистина голем придонес во функционирањето на локалната самоуправа, а ќе дадат и едно позитивно светло и врз самото население бидејќи преку овој буџетски форум жителите имаа можност да видат како се креира еден буџет, како се трошат народните пари и колку навиистина чини реализацијата на секој предложен проект од било која област“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Најголемиот дел од предложените проекти на граѓаните на Кривогаштани се веќе реализирани или пак се во тек на градба.
„Голем дел од проектите кои граѓаните ги побараа да се внесат во буџетот за 2016 година се реализирани, а поголем дел се во тек на реализација. Тука можам да ги споменам како реализирани новата училишна спортска сала која што имаше технички прием пред неколку дена. Заврши изградбата на регионалниот пат од Кривогаштани до Воѓани, исто така се реализираше и изградбата на патот од Обршани до Боротино. Пред една недела заврши изградбата на улиците со кредит од светска банка во Кривогашани, Бела Црква и Воѓани. Во тендерска постапка се изградбата на зелениот пазар во Кривогаштани, надградбата на општинската зграда“, рече Сашо Цуцулоски, раководител на одделениие за ЛЕР и комунални дејности.
Од општината велат дека преку овие форуми граѓаните се стекнале со знаење колку навистина чини реализацијата на еден предложен проект и дека сите нивни идеи неможат веднаш да бидат остварени. Најголем дел од предлозите на граѓаните биле за инвестиции во патната инфраструктура.
„Најголем дел од граѓаните за прв пат се соочија со буџетот на општината научија дека буџетските пари, распределени по сектори и сегменти е премногу мал, а интересот од страна на општината и градоначалникот и администрацијата да се донесат што е можно повеќе пари и да се завршат што е можно повеќе проекти е преголем. Бројни проекти беа предложени, но сепак на крајот граѓаните разбраа дека сите неможат да бидат реализирани и од секоја работна маса беше одбран по еден претставник, каде што заедно со општинската администрација одлучија како ќе бидат распределни парите во општина Кривогашани за наредната година и кој од проектите ќе бидат реализирани“, изјави Кристина Кочоска, координатор на проектот.
Овој проект се изведува под покровителство на Швајцарската агенција за развој и соработка и Единицата за координација на форумите. „Се надевам декка оваа шеста форумска сесија, како и претходните 5 сесии кои беа навистина масовно посетении, ќе дадат еден навистина голем п