Идејата на Крушево да пулсира во ритамот на културата , полека но сигурно се остварува. Целата активност на сите е насочена кон зголемување на бројот на културните манифестации и настани и збогатување на туристичката понуда. Највисокиот Град на балканот ја почитува културата , а и културните работници го почитуваат овој град, за тоа потврда е што досега во рамките на Крушево културно лето гостувале имиња како што се Љубојна, Тамара Тодевска, Влатко Стефаноски, Димитар Андоновски, Сара Мејс, Синтезис, Тони Зен, Влатко Лозаноски, Eye Cue, Нокаут, Суперхикс, Уска Кан , Миле Кузманоски, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, Пламенка Трајковска и многу други еминентни имиња од класичната музика, како и фолклорни ансамбли, театарски претстави и Стенд Ап комедии со Сашко Коцев, Марјан Ѓорѓиоски, Весна Петрушевска ….
Оваа година исто така богата програма која започна со Баскер фест, потоа Krusevo Summer Festival кој ќе започне на 21.07.2016 со дневна доза на креативен хумор на Маријан Ѓорѓиевски и Никола Тодороски, потоа концерти на Фолтин и Пепермин кои ни гараантираат одлична забава и традиционалната Бела Ноќ оваа година со добро познатиот Дј Никифор пропратен со локалните Дј Естефано и Дј Пеце Укс.
Доаѓаме до легендата која во Крушево живее – Крушево Етно Град со богата музичка понуда, Зуица Лазова, Наум Петрески, Миле Кузманоски, Ефто Пупиновски, ансамбл Билјана … секако со луѓе кои ке бидат облечени во турци , комити и старогратски носии целиот амбиент ќе биде како пред сто години- вистински времеплов.
Ова лето паралелно со сите активности од областа на културата, Македонија за прв пат е домакин на 19 Европско првенство во змејарство класа 1 и 7 Светско првенство во змејарство класа 5. Во период до 31 јули небото над Крушево ќе биде арена за овие значајни првенства во слободно летање. Благодарение на совршените услови кои ги нуди крушевското поднебје и одржувањето на овие две големи првенства ја ставаат Македонија и Крушево на мапата на најпосакувани дестинации за спортистите и поддржувачите на слободното летање од Европа и ширум светот.
Ова е шанса и Вие да излезете од секојдневните обврски и да доживеете едно несекојдневно искуство…Највисокиот Град на балканот ја почитува културата , а и културните работници го почитуваат овој град, за тоа потврда е што досега во рам