Во Македонија се случува инвестициски бум во патната инфраструктура

Во Македонија се случува инвестициски бум во патната инфраструктура. Како никогаш до сега се градат и модернизираат магистрални, регионални и локални патишта. Градежните компании ќе имаат полни раце работа, а граѓаните бенефит од сето тоа. Вкупниот инвестициски бран е тежок над една милијарда евра. За сите градежни активности, цените и роковите Курир поразговара со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.1. Како течат активностите за изградбата на трите автопатишта Миладиновци- Штип, Демир Капија- Смоквица и Кичево- Охрид?
Колку досега е изградено, до кога се крајните рокови да се пуштат во употреба и колку вкупно средства се одвоени? -Во нашата држава во овој момент се трите активни градби на трите делници од автопатите од Миладиновци до Штип, од Кичево до Охрид и веќе неколку години активната градба на автопатот Демир Капија- Смквица. Овие три автопати се градат во должина од 132 километри и ако се земе во предвид дека до сега во Македонија постојат некаде околу 260 изградени автопати, за неполни 3 до 4 години кога е и крајниот рок за завршување на овие делници, автопатната траса ќе биде зголемена за околу 50 проценти, што е голем прогрес со оглед на стагнирањето со децении наназад, односно немање инвестиции во оформувањето на патните делници во нашата држава. Во овој момент, некаде оклу 210 милиони евра е потпишан договорот за Демир Капија-Смоквица. Таму се веќе завршени двата тунели со по две цевки во должина на секој од нив од нешто повеќе од еден километар и 200 метри, едниот е километар и 250, другиот е километар и 270. Сите овие тунели, вкупно 4 бушења за двата тунела се готови и сега се работи на обложување на истите и секако отпочнати се со градба и шесте постојни мостови кои се наоѓаат на оваа делница од вкупна должина 28 километри, кои што се во просек изработени негде околу 47 процени се завршени активностите. Ако се земе во предвид дека крајниот рок е крајот на септември 2016 година, динамиката се одвива согласно зацртаната во проектот, верувам дека овој автопатен дел ќе биде завршен според предвидената динамика. Истото тоа се случува и на другите два автопати Кичево –Охрид и Миладиновци- Штип. Со оглед дека понапред се отпочна со градба на Миладиновци- Штип и таму е некаде неполни 50 проценти пробиена трасата, оној тежок дел, а додека со помал процент некаде околу 20 проценти само на две делници е пробиена трасата од Кичево кон Охрид, со оглед дека таму се вкупно 5 секции во овој момент треба да се отпочне и со интервенции на другите три, биејќи на првите две од страната на Кичево веќе е отпочнато со градба. Инаку, финансиската конструкција за Кичево- Охрид е една од најголемите во историјата на нашата држава, тоа се 375 милиони евра- инвестиција која што ќе биде наменета за градба на автопат со должина од 57 километри. Тука ќе биде и најдолгиот тунел во нашата држава од околу 2 километри. Додека пак, другата делница од Миладиновци до Штип е со помала вредност и таа е некаде околу 204 милиони евра. Делницата изнесува некаде околу 47 километри, има 6 клучки на влезот од Миладиновци па кон Штип и градбата на таа делница треба да биде готова некаде до крајот на 2017 година.
2. Се работи и на реконструкција на локалните патишта. Каде најмногу е сконцентрирана градежната машинерија?
-Со оглед дека во овој период градежните активности се намалени поради временските услови, меѓутоа целокупната оператива која работи на локалните патишта е на целата територија на Македонија. Од почетокот на имплементација на овој проект, се преговараше негде 2008- 2009 година и првите завршени локални километри патишта се во 2010 година. Од тогаш до денес се направени повеќе од 680 локални патишта, што е една сериозна бројка во километри. Од тие 680, само оваа година се завршени повеќе од 125 километри или во инвестиции, вкупни досега потрошени средства тоа е повеќе од 55 милиони евра.
3. Најавена беше електронска наплата на патарините. До каде е проектот и кога ќе профункционира?
-Договорот е во фаза на потпишување, тоа е со заем од Европска банка и процедурите се строги и мора да се испочитуваат. Во овој момент договорот е доставен и до турската компанија која треба да работи на изведба на електронската градба на патарини и очекуваме за максимим месец дена да имаме финиширан договор, со оглед дека истата таа компанија треба да даде и банкарска гаранција за износот на кој е склучен договорот. Инаку, тој договор опфаќа градба на патарини на Коридор 10, две поместувања- едно кај Градско бидејќи се предвидува изградба на брз магистрала во правец на Прилеп, така да таа патарина која сега функционира треба да се поништи и да се изгради нова поместена према Велес и истото тоа треба да се случи и на постојната на Романовце која сега егзистира. Овие две се тесни грла, честопати знаеме дека во летниот период кога е туристичкиот бран имаме сериозни гужви таму и поради тоа и оваа треба да се помести 200 до 300 метри према Куманово, и тука секако треба да биде зголемен бројот на куќичките, односно бројот на прелазите на тие места. Така да во овој момент имаме 5 пролази, а со реализацијата на идниот проект таа бројка треба да се зголеми на 10 и на едната и на другата. Треба да се изградат и две нови наплатни станици, едната е кај Демир Капија, а втората е исто така на Коридор 10 во правец пред Гевгелија од страната на Демир Капија. Оваа инвестиција изнесува околу 18 милиони евра и очекуваме веднаш по потпишувањето на договорот да стартуваме со градба, со реализација, инаку според договорот времето на завршување на сите овие активности треба да трае 18 месеци.
4. Кои се градежните активности на ЈП за државни патишта во оваа година и на што ќе се фокусирате следната?
-Во овој момент имаме активни проекти, во износ од 55 километри само за градба на магистрални и регионални патишта. Активни ни се оној магистрален пат, брза магистрала што треба да го поврзе Велес со Штип, тоа е делот од Велес до Кадрифаково во должина од 24 километри, меѓутоа тука се и делниците Опае- Белановце- Станчиќ, делот кај Сончев град во близина на Скопје, тука е и делот на рехабилитација и санирање на свлечиштето кај Маврово, така да таа инвестиција е некаде околу 30 милиони евра, која што е активна. Исто така се работи и на санација на свлечишта, каде што имавме сериозни проблеми. Завршени се двете свлечишта кај Ботун, таа инвестиција е преку 50 милиони денари. Во овој момент во завршна фаза е кај детското одморалиште на Пелистер, каде имаше барање од граѓаните дека тој дел е критичен, таму сме во завршна фаза. Во Кратово веќе го завршивме проблемот со свлечиштето, но работиме и на дополнителни седум проектирања за санација на свлечишта кои се финансирани во делот на проектирање од страна на Светска Банка и очекуваме штом ќе бидат завршени како проекти во 2015 година да изнајдеме финансиска конструкција и за реализација на истите, тука се и санација на мостови кои што со години не беа санирани, говорам за сериозни санации каде што мостот се отвора комплетно до носивата конструкција и се санира конструкцијата со инектирање на бетон, претходно поставување на арматура и потоа сите други фази кои следуваат. Го завршивме мостот Гемиџии, во овој момент во завршна фаза е мостот пред Дебар Мелничкиот мост, каде што се работи сега на дополнителни активности од типот осветлување на истиот, комуналните делови итн. Активни се и многу други, на пример мостот кај Злеово во општина Радовиш е во сериозни градежни активности, каде што очекуваме во почетокот на 2015 година да се заврши. Во моментов се изработуваат и дополнителни проекти за изградба, реконструкција или рехабилитација на магистрални и регионални патишта, кои дел ќе бидат финансирани од Европската банка за обнова и развој, останатиот дел од Светска банка.1. Како течат активностите за изградбата на трите автопатишта Миладиновци- Штип, Демир Капија- Смоквица и Кичево- Охрид?
К

Пронајдете не на следниве мрежи: