Во недела, 2.10.2016 година, со почеток од 10:00 часот покрај кејот на реката Вардар ќе се одржи хуманитарна трка по повод 70-годишниот јубилеј на централно-банкарските активности во Република Македонија.Хуманитарната трка ќе се одвива од Народна банка на Република Македонија до спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, а средствата од овој настан ќе бидат донирани на центрите за деца со посебни потреби.
Покрај хуманитарната трка, на истата патека ќе се одвиваат и повеќе други спортски активности како трчање, возење ролерки и велосипед, како и брзо пешачење.
На крајот од трката во Паркот со езерата ќе се организира културно-забавна програма и доделување на наградите за победниците.
Овој хуманитарен настан го организира Народна банка на Република Македонија и Синдикалната организација при НБРМ, со поддршка од Општина Аеродром, а ќе учествуваат лица од финансискиот сектор.
Организаторите ги повикуваат и другите граѓани да се приклучат на трката во недела.
Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Хуманитарната трка ќе се одвива од Народна банка на Република Македонија до спортскиот центар „Јане Сандански“ во Општина Аер