В недела, на 24 април, во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани ќе се одбележи 111-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот на Крушевската република, Никола Карев.Делегации од општините Кочани, Крушево, Чешиново-Облешево и Пробиштип ќе појдат кон Свиланово во 10.30 ч. откај споменикот на Никола Карев во селото Тркање, а по положувањето цвеќе во Свиланово, учесниците и гостите ќе го посетат манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во селото Пантелеј.
Во одбележувањето на 111-годишнината од смртта на Никола Карев ќе учествуваат членовите на секцијата „Географски видик“, кои пеш ќе ја минат релацијата Кочани – Свиланово – Кочани, а членови на литературната секција од ОУ „Никола Карев“ од Кочани ќе настапат со литературни творби. Настанот ќе го збогатат гости од Крушево и потомци на Карев.Делегации од општините Кочани, Крушево, Чешиново-Облешево и Пробиштип ќе појдат кон Свиланово во 10.30 ч. откај споменикот на Никола Карев во селот