Во Њујорк се бара судска забрана за полициски надзор над муслиманите

Адвокатите за граѓански права во понеделникот по локално време од сојузниот суд во Менхетен побарале на Полициската управа на Њујорк (NUPD) да и` забрани надзор над муслиманите доколку не се сомнева во незаконски активности. 
 
Полицискиот надзор над муслиманите во рестораните, библиотеките и џамиите во Њујорк е „широко распространет и интензивен”, напишале адвокатите во нивниот предлог.
Тие побарале забрана на ваквата практика на њујоршката полиција и предложиле воведување набљудувачи кои ќе ја надгледуваат полицијата.
„Полициската управа на Њујорк претпоставува дека доколку некоја организација е поврзана со исламот, тгаш е сомнителна”, напишале пет адвокати во име на тужителот во судскиот поднесок пред американскиот суд за Јужниот округ на Њујорк.
Адвокатите наведуваат дека надзорот над муслиманите претставува кршење на одлуките од процесот по групната тужба на анти-воените демонстранти од 1971 година, со која на NYPD му се ограничени можностите да следи луѓе кога не постојат „разумни знаци” за незаконска активност или тероризам.
„Истражувањето на која и да е заедница, кое почива на индиции за криминал создава страв и ја нарушува довербата на заедниците во силата на правниот систем да ја заштити” изјави во соопштението еден од адвокатите, Пол Шевињи, професор на право на Универзитетот Њујорк.
Факсимилот од барањето за судската забрана за надзор над муслиманите е објавен на интернет страницата на њујоршката Унија за граѓански слободи.
Портпаролот на Полициската управа на Њујорк не одговорил веднаш на барањето на Reuters да ја коментира предложената забрана. Во минатото полицијата вообичаено ја бранеше практиката за надзор.
 
MакфаксАдвокатите за граѓански права во понеделникот по локално време од сојузниот суд во Менхетен побарале на Полици

Пронајдете не на следниве мрежи: