Во Нови Сад се роди бебе зависник од хероин

Бебе со знаци на наркоманска криза се родило во српскиот град Нови Сад и е згрижено во Институтот за здравствена заштита за деца и младинци во Војводина.Бебето веднаш по раѓањето било упатено на терапија заради исклучително тешката клиничка слика.Ова не е единствен ваков случај, минатата година во Нови Сад се родиле пет вакви бебиња, јавува Блиц. Бебињата запаѓаат во апстиненцијална криза бидејќи нивните мајки користеле наркотици за време на бременоста.„Бебето во апстиненцијална криза има грчеви, многу е раздразливо и непрестано плаче. Има пореметување во исхраната, отежнато цица, кратко спие и се разбудува неполн час по исхраната, отежнато дише, често се поти и има зголемена температура“ вели Наташа Сташук, педијатар од Клиничкиот центар во Војводина.Ако мајката последната доза дрога ја зела во последните седум дена пред породувањето, според Сташук, тогаш симптомите на апстиненцијална криза ќе бидат поизразени.„Во тој случај бебето веднаш го подложуваме на лечење со таблети. Бебето кое се лечи од апстиненцијална криза се отпуштаат од породилното 72 часа по земањето на последната доза на лекот“ вели Сташук.Таа појаснува дека мајката зависник нема обврска да каже дали користела опијати, но на лекарите би им било многу полесно ако го знаат тоа.“Добро е да знаеме за да ја тестираме мајката на ХИВ и хепатитис Ц и за да знаеме дали може да  го дои детето“ вели Сташук.Психијатарот Небојша Барачков кои со години работел во Метадонскиот центар КЦВ со мајки зависнички, вели дека растењето на дете чија мајка користи хероин е непредвидливо и проблематично.„Бебето може да биде загрозено бидејќи нема да го добие потребното внимание. Родителите зависници последните пари ги даваат за хероин, а не за потребите на детето“ вели Барачков.
МакфаксБебе со знаци на наркоманска криза се родило во српскиот град Нови Сад и е згрижено во Институтот за здравствена зашти

Пронајдете не на следниве мрежи: