На локалитетот „Мауцкер“ кај Охрид утрово се садеа дрвца во рамки на националната акција „Ден на дрвото“. Како и минатите години, најбројни беа учениците од охридските средни училишта, како и извидниците од градот, членови на еколошките друштва.Учениците од основните училишта ги спроведоа активностите во рамки на акцијата во дворовите на нивните училишта. Во акцијата се вклучија и претставници на институции и политички личности.
Министерот без ресор Џери Наумоф заедно со претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик-градоначалникот Ангел Јанев засадија дрвца во паркот на Кејот на Охридското Езеро.
Најмногу се садеа млади дрвца на елка и смрека, поради нивната поголема отпорност на ниските температури.Учениците од основните училишта ги спроведоа активностите во рамки на акцијата во дворовите на нивните училишта. Во акцијата се вклучија и претстав