четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во ОКТА организирана вежба за справување со инциденти од поголеми размери

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Компанијата располага со соодветни ресурси, обучен кадар и целосен план за одговор во вонредни ситуацииБрза реакција и успешно справување со пожар и инцидент од поголем размер е резултатот од предвиденото сценарио за интерактивната оперативно- тактичка вежба за кризен менаџмент што jа спроведе ОКТА. Во неа беа вклучени професионалната ПП и универзалната единица на ОКТА, противпожарна екипа од Куманово, ПП единицата од Аeродромот Александар Велики, противпожарната авијација на Дирекцијата за заштита и спасување, како и медицинскиот персонал од поликлиниката Неуромедика и Црвен Крст на град Скопје.
„Секоја компанија согласно законските обврски е должна да организира заштита и спасување на вработените, имотот и нејзиното опкружување во рамките на својот деловен процес. За таа цел во ОКТА е развиен целосен концепт за кризен менаџмент кој овозможува да се избегнат и минимизираат ризиците, како и да се преземат превентивни и оперативни мерки за заштита и спасување. Имајќи ја за приоритет безбедноста, во ОКТА посветуваме посебно внимание на редовно тестирање на планот и системот за заштита и спасување како би обезбедиле негово постојано подобрување и подготвеност за брз одговор во вонредни ситуации“, изјави Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Героуланос.
Сценариото на денешната вежба предвидуваше екстремна ситуација, пожар на резервоар во кој е складиран бензин, со тенденција и опасност на брзо ширење во правец на останатите резервоари. Високото ниво на ризик во резервоарскиот парк наложи потреба за широка акција, во која беа вклучени силите за заштита и спасување на ОКТА, како и на државните институции и компаниите од првиот појас на опкружување.
„Целта на изведувањето на интерактивните оперативно-тактички вежби на безбедносно-заштитните системи е оценување на нивната функционалност, координација на сите релевантни фактори за справување со инциденти и обезбедување на брза и ефикасна интервeнција. Вежбата потврди дека компанијата располага со соодветни ресурси, обучен персонал и добро разработен концепт за справување и со посложени форми на опасност“, изјави Зоран Доревски, Менаџер на Обезбедување во ОКТА.Брза реакција и успешно справување со пожар и инцидент од поголем размер е резултатот од предвиденото сценарио за интерактивната оперативно-&n

Поврзани вести