Денеска, 3.6.2016 година, во ООУ „Александар Македонски“ се одржа еколошки час за климатските промени, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП, во рамки на кампањата за одбележување на 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина.
Еколошкиот час се реализираше во подвижна лабораторија позната како еко-караван, која е снабдена со опрема и инструменти, каде што на децата им беше прикажана видео-презентација за климатските промени, глобалното затоплување, како и последиците предизвикани од нив.
Исто така, на едукативниот час се презентираа и инструменти за собирање податоци за процесите што се случуваат во животната средина, за добивање појасна слика за промените во климата, а децата имаа можност преку практични опити да дознаат повеќе за состојбата на водата, почвата и воздухот.
Целта на еколошкиот час е едукација на најмладите за значењето на здрава и чиста животна средина со секој нејзин сегмент, но и да се поттикнат промени во секојдневните однесувања со кои секој поединец со малку напор ќе даде свој придонес кон почиста и зачувана животна средина.
Еколошкиот час се реализираше во подвижна лабораторија позната како еко-караван, која е снабдена со опрема и инструменти, каде што на дец