Во ООУ „Лазо Ангеловски“ откриени тајните на Е-ТВИНИНГ учењето

Вчера, 26.5.2016 година, во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа промоција на активностите на наставниците – членови на e-твининг платформата, каде беа претставени 8 паноа со изработки и активности на учениците и наставниците од училиштето.Секое пано претставуваше остров со богатство. Преку понудените мапи присутните родители, колеги од нашето и други училишта и претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги откриваа искористените богатства на оваа платформа. Започнувајќи со националните и интернационалните проекти, соработката со партнерите од Европа, групите на платформата, па сѐ до професионалниот развој на наставниците оваа промоција беше вредна за посета што го покажаа и резултатите од спроведената on line анкета.
Исто така, на оваа промоција беа поделени сертификати на учениците за нивното учество во проектите.
 Секое пано претставуваше остров со богатство. Преку понудените мапи присутните родители, колеги од нашето и други училишта и претставници

Пронајдете не на следниве мрежи: