Градоначаликот на општина Илинден Жика Стојановски заедно со соработниците извршил обиколка на повеќе локации во општината каде се во тек интензивни градежни работи во рамките на голем број капитални проекти.Стојановски, како што е наведено во денешното соопштение од Општина Илинден, се запознал со текот на активностите околу изградбата на новите домови на култура во населените места Марино и во Миладиновци, изградбата на фекалната канализација со пречистителна станица во н.м. Марино, пешачкиот мост во Миладиновци, рехабилитацијата на улицата „10“ во Кадино, како и реализацијата на проектот Галерија на отворено, во рамките на кој е опфатено уредување на дворот на Домот на култура „Илинден“.
Обиколката била искористена за средби со граѓаните во населбата Илинден, како и во населените места Марино, Кадино и Миладиновци. На средбите граѓаните директно ги посочиле проблемите во своите населени места, изнесувајќи свои мислења и идеи, како и нови иницијативи за подобрување на квалитетот на живеење во Општина Илинден.
Градоначалникот Стојановски средбите со граѓаните ги оценил како корисни, бидејќи, како што посочил, токму активното граѓанско учество придонесува во создавањето квалитетни услови за живеење и брз одржлив локален економски развој на локалната заедница.Стојановски, како што е наведено во денешното соопштение од Општина Илинден, се запознал со текот на активностите околу изградбата на новите домови