Во Отешево одбележан меѓународниот ден на зелениот појас

Вчера во туристичката населба Отешево, во организација на мрежите од невладини организации Преспа Нет, и во соработка со трите општини од регионот Преспа, Општина Ресен од Македонија , Општина Преспес од Грција и Општина Пустец од Албанија се одбележа Меѓународниот Ден на Зелениот Појас со симболично истакнување на банерите од страна на Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , Градоначалникот на Општина Преспес панајотис Пасхалидис и Градоначалникот на Општина Пустец Едмонд Темелко.Во склоп на настанот се одржа и велоспидска тура во НП Галичица, како и беше поставена излоба на фотографии од Балканскиот Зелен Појас. Месното население од трите страни на Преспанското Езеро ги презентираа своите традиционални производи пред се поврзани со гастрономијата.настанот го збогатија и културно уметнички друштва од Република Македонија и Република Грција.По должината на „железната завеса“ која ја делеше Европа на Источна и Западна скоро 40 години, се развила неверојатна еколошка мрежа и жив споменик на природата – кој опфаќа некои од најзначајните живеалишта за развој на биолошката разновидност и скоро сите биогеографски региони во Европа Денес оваа област е наречена Европски зелен појас – симболизирајќи го глобалниот напор за заеднички, прекугранични активности за заштита на биолошката разновидност и одржливиот развој.Европскиот зелен појас се протега на повеќе од 12.500km низ 24 земји и е поделен на 4 региони : Феноскандинавски зелен појас, Балтички зелен појас, Централно-европски зелен појас и Балкански зелен појас чиј составен дел е и прекуграничното подрачје Преспа.Во своето обраќање пред присутните Градоначалникот на Општина Ресен во функција на невормален домаќин на прославата на Меѓународниот ден на зелениот појас меѓудругото истакна истакна: Ние делиме еден екосистем, дишиме еден воздух, пиеме иста вода , иаме мал милиони сопствени предизвици но само една заедничка иднина во која главен влог е нашето природно богаство за кое треба да се грижиме и да го оставиме функционално на нашите поколенија.Во склоп на настанот се одржа и велоспидска тура во НП Галичица, како и беше поставена излоба на фотографии од Балканскиот Зелен Појас. Месното нас

Пронајдете не на следниве мрежи: