Во Овчеполието има околу 260 локалитети, кои се откриени и лоцирани на археолошката мапа, а се претпоставува дека има уште толку неоткриени.
Овчеполието е плодна почва за археолошки туризам. Александар Арсов, директорот на Народниот музеј во Свети Николе, истакна дека последниве години како што се работи и се зборува повеќе за овој археолошки локалитет, така и посетеноста се зголемува.
-Локалитетот датира од седмиот до третиот век пред нашата ера. Претпоставките, а и досегашните истражувања покажуваат дека станува збор за Билазора, а тоа е всушност главниот град на таканаречените независни Пајонци. Пајонските племиња биле составен дел од Античка Македонија по владеењето на Филип Втори. Тој ги интегрира во државата на Античките Македонци. Во 1976 година професорот Иван Микулчиќ извршил теренски мерења и истражувања на платото на Градиштето кај селото Кнежје и тој првпат укажува дека станува збор за Билазора. Минатата година работевме со 800 илјади денари од Министерство за култура и Управата за заштита на културното наследство, а годинава добивме 6 милиони денари. Во превод – многу повеќе од она што сме го сработиле досега. Очекуваме овој дел комплетно да го отвориме и да ја отвориме целата палата. Кралската палата е единствена од овој тип на Балканот, со толку луксузна архитектура. Тоа укажува дека Пајонците биле високоразвиена цивилизација, изјави директорот Арсов.
Црквата „Свети Никола“ е една од најстарите цркви во Овчеполието. -За црквите во нашиот крај и Овчеполската епископија од деветиот век дознаваме од неколку различни извори. Има записи дека во 14 век во Овче Поле имало голема црква посветена на Чудотворецот Свети Никола, со населба до неа. Се спомнува дека населбата се наоѓала кај месноста Јужиново, што претпоставуваме дека е денешно Југово. Уште во турско ѕвоното на камбаната било толку силно што надалеку се слушало, па било пренесено во Ќустендил.
Постојат индиции дека во Свети Николе имало 6 цркви, кои отсликувале крст, вели Никола Ристевски од www.loza.mk. Црквата Свети Никола и денес зазема централно место во градот, се гледа од сите страни. Обновена е и надградена во почетокот на последната деценија од минатиот век. При работа во црковниот двор, пред пет години беа откриени ѕидови од ранохристијанска базилика и неколку артефакти од тој период. Според информациите со кои што располагаме сè до пред помалку од еден век, градот си го носел името Свети Никола, а не Свети Николе, вели Ристевски.
Овчеполието е плодна почва за археолошки туризам. Александар Арсов, директорот на Народниот музеј во Свети Николе, истакна