На сцената во Бизнис инкубаторот, во понеделник на 21 декември со почеток во 196 часот премиерно во Берово ќе биде изведена монодрамата “Јане Сандански 100 години после“ во режија и изведба на актерот Петар Темелковски.Изведбата на монодрамата е дел од програмските активности на општина Берово во областа на културата за подигнувањето на културните вредности и истакнување на делото на значајните личности од Македонската историја.
Монодрамата е напишана по повод еден век од загинувањето на Јане Сандански кој на 22 април 1915 година бил предаден и убиен на пат кон Неврокоп и е дел од авторскиот опус од монодрами на Петар Темелковски кој изјави дека од сите негови досегашни монодрами како што се монодрамите за Вапцаров, Филип Втори, Рацин, Јустинијан и други, Јане Сандански му оставил впечаток на најтрагична фигура во македонската историја.
Јане Сандански е илинденец кој ја доживеал поделбата на Македонија на 10 август 1913 во Букурешт за разлика од другите илинденци кои го завршиле животот со сон дека Македонија ќе биде независна, обединета и силна држава. Во него се направил прелом и тој влезе меѓу оние личности од светската историја кои ја презираат опасноста од смртта. Неговиот земен живот од август 1913 до убиството во 1915 е привремен и е лебдеење. Иако бил предупредуван да го одложи патувањето, тој свесно тргнал по патеката на која го завршил животот. Кога ги загубил идеалите, нему му било сеедно каде ќе го најде крајот. Смртта ја прифатил како составен дел од својот живот.
За монодрамата Темелковски користел архивски материјали за македонската историја од македонски историчари. Монодрамата се однесува само на периодот од 10 август 1913 до 22 април 1915 година.
Претставата е од отворен карактер.Изведбата на монодрамата е дел од програмските активности на општина Берово во областа на културата за подигнувањето на културните вредности и иста