Во понеделник започнува општинскиот куп во мал фудбал Берово

Општина Берово следејќи ги искуствата од претходните години, и во духот на зајакнување на соработката помеѓу институциите преку спортот, и оваа година ги организира Спортските игри во мал фудбал кои официјално ќе започнат во понеделник на 22.02.2016 година во спортската сала “Македонски Бранители“ со почеток во 17.30 часот.На овогодинешните четврти по ред спортски игри во мал фудбал ќе учествуваат 11 екипи кои ќе се борат за првите 3 места и за титулите најдобар голгетер, најдобар играч и најдобар голман на игрите.
Пријавени екипи се:
1.Фагус, Пехчево
2.Такси возачи
3.ПС-ОН Берово
4.Бензински пумпи
5.Здружение на приватни фирми
6.Гранична полиција
7.Жито Малеш
8.Угостителски работници
9.ЈПКР “Услуга“, Берово
10.АРМ Гарнизон, Штип
11.Општина Берово и ПСШ “Малешево“
Во прво коло од игрите ќе бидат одиграни следните натпревари:
1.Такси возачи – Општина Берово и ПСШ “Малешево“
2.ПС-ОН Берово – АРМ Гарнизон, Штип
3.Бензински пумпи – ЈПКР “Услуга“, Берово
4.Здружение на приватни фирми – Угостителски работници
5.Гранична полиција – Жито Малеш
Слободна екипа во првото коло е Фагус, Пехчево.
Натпреварите ќе се играат секој понеделник и петок со почеток во 18 часот.На овогодинешните четврти по ред спортски игри во мал фудбал ќе учествуваат 11 екипи кои ќе се борат за првите 3 места и за титулите најдобар голге

Пронајдете не на следниве мрежи: