петок, 27 ноември 2026
Најново

Во Преспа реализирани уште два проекти од програмата за заштита на Преспанското езеро

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со денешното ставање во употреба на двата еко-паркови во преспанските села Јанковец и Штрбово, во Преспа, продолжува да се реализира Програмата за десет мали инфраструктурни проекти од областа на заштитата на животната средина и водите, како дел од Мега-проектот за заштита на Преспанското Езеро, вреден 200 илјади американски долари.Во рамките на овој заеднички Проект на: УНДП, на Швајцарската развојна агенција и на општина Ресен, досега во Преспа, обновени се и рехабилитирани водоводно-канализационите системи во повеќе населени места со што се намалија влијанијата од отпадните води  и цврстиот отпад врз еко-системите, земјоделското производство и индустријата, што пак предизвикуваше деградација на Преспанското Езеро.
Проектот за заштита на Преспанското Езеро започна да се реализира во 2012 година и ќе трае до 2016. Во неговата реализација е вклучено и локалното население, со цел заштита на уникатните природни вредности на Преспа.Во рамките на овој заеднички Проект на: УНДП, на Швајцарската развојна агенција и на општина Ресен, досега во Преспа, обновени се и рехабилитирани

Поврзани вести