петок, 27 ноември 2026
Најново

Во Прилеп доделени плакетите и дипломите по повод 3-ти ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Салата на ЦК „Марко Цепенков“ беше претесна да ги собере сите гости кои беа дел од свечената седница по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Во присуство на Претседателот на Совет, советниците, пратениците во собранието на РМ, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на фамилии, добитници на наградите и граѓани, свечено беа доделени наградите и признанијата – 3-ти Ноември.Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделија на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела“, Радио Холидеј, ООУ „Кирил и Методиј“ од н.м Канатларци, ,,ФУТУРА”, Здруженија на прилепски пранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”-Прилеп), „Младински Совет“, „ТРИО-95” ДОО-Прилеп и Народна техника.
Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделија на: Цветан Беличански, Илија Нестороски, Горанчо Котески, Дарко Штаргоски, Мери Мирческа, Александар Тодороски-Цандарот, Каролина Мицеска, Миле Јованоски, Дарко Неданоски и Славе Димоски.

Наградата за животно дело по повод З-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, се додели на Ѓорѓија Џорџ – Атанасоски за неговиот придонес во општествено-политичкиот, економскиот и културниот развој на Прилеп.
Оваа година се навршија точно 72 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за македонската престолнина и за градот Прилеп – 3-ти Ноември.
 Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделија на: ,,ВАСИДОРА” ДООЕЛ–Прилеп, СОУ,,Орде Чопела&l

Поврзани вести