По повод големиот христијански празник Св. Козма и Дамјан во повеќе храмови во Прилеп се одржа Божествена литургија. Градоначалникот, Марјан Ристески, кој денеска посети повеќе цркви и манастири во околината на Прилеп кои го прославуваат овој ден, на сите верници им го честиташе празникот.„На сите православни верници од Прилеп и Македонија им го честитам денешниот празник Св. Козма и Дамјан, и им посакувам многу здравје, бериќет и среќа. Исто така да им се честити именденот и славата на оние кои го одбележуваат денешниот ден. Сакам да потенцирам дека во еден од најубавите манастири во Македонија, Св. Архангел Михаил, кој се наоѓа во близина на прилепската населба Варош се чуват и дел од моштите на Св. Козма и Дамјан и оние кои ги немаат видено ги поканувам да дојдат во овој манастир“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Инаку според преданието на православната црква Св. Козман и Дамјан по професија биле лекари, а помеѓу народот се нарекувани и бесребреници затоа што сите ги лечеле бесплатно.„На сите православни верници од Прилеп и Македонија им го честитам денешниот празник Св. Козма и Дамјан, и им посакувам многу здравје, бериќе