Денеска се одбележаа 120 години од раѓањето на Методија Шаторов Шарло. Делегација од општина Прилеп, голем број на политички партии, претставници од невладини организации, Сојузот на борци денеска пред споменикот на Шарло кој се наоѓа во центарот на градот положија свежо цвеќе.Методија Шаторов Шарло по 75 години историски се вратил дома, меѓу прилепчани, потврдувајќи се како македонски деец и потсетувајќи на своето мото дека во единството е успехот на се, како порака за идните генерации. Бил една од најконтроверзните личности во македонската историографија, личност која најмногу талкала на буништето на историјата за да ја докаже својата невиност. И по 75 години, Методија Шаторов Шарло се враќа со дигнато чело онаму каде припаѓа: во плејадата македонски великани кои својот живот го посветиле на обединета и самостојна македонска држава.
Денес во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде промовирана и книгата „Методоја Шаторов – Шарло помеѓу чеканот и наковалната“ од авторката проф. Д-р Соња Николова.Методија Шаторов Шарло по 75 години историски се вратил дома, меѓу прилепчани, потврдувајќи се како македонски деец и потсетувајќи на своето