Во рамките на проектот за изградба на домови на социјално ранливи групи од 2007 до 2015 година се завршени вкупно 678 станови во 12 градови во Македонија

Во рамките на проектот за изградба на домови на социјално ранливи групи од 2007 до 2015 година се завршени вкупно 678 станови во 12 градови во Македонија: Охрид, Македонска Каменица, Кичево, Кочани, Скопје, Крива Паланка, Берово, Штип, Демир Хисар, Прилеп, Ресен и Кавадарци.
 Во фаза на изградба се 123 станови во Кочани, Македонски Брод и Гостивар, а во наредниот период ќе започне изградбата на уште 579 станови во Виница, Свети Николе, Пехчево, Струмица, Скопје и Пробиштип.
Од овој проект реален бенефит гледаат ранливите категории на граѓани за кои ВМРО-ДПМНЕ реално се грижи, а кои СДСМ ги користи и злоупотребува очајно обидувајќи се на нивниот грб да освои некој ситен политички поен. Апсурдно и трагично.
Граѓаните паметат дека Фросина Ременски во функција на технички назначен Министер за труд и социјална политика до последен момент го блокираше доделувањето на социјални станови за вкупно 76 лица. Со заминувањето на Ременски заминаа и проблемите на овие граѓани.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради станови и се бори за решавање на проблемите на граѓаните, СДСМ им создава проблеми и прави се за да им го отежне животот. Тоа е разликата поради која граѓаните не дозволуваат СДСМ да се доближи до власта 9 изборни циклуси по ред.
Сто пати кажана лага од СДСМ никако не може да стане вистина. Затоа СДСМ е поразуван во континуитет 10 години. Никој не им верува на нивните измислици, ниту некој ги поддржува нивните деструктивни сценарија. Доколку СДСМ се охрабри да се појави на избори ќе биде жестоко казнет за ваквото однесување, за сите лаги, манипулации и подигрувања со човечките судбини.Во фаза на изградба се 123 станови во Кочани, Македонски Брод и Гостивар, а во наредниот период ќе започне изградбата на уште 579 станови

Пронајдете не на следниве мрежи: