Во Русиново величано делото на Даме Груев

Традицијата и аманетот оставен од генерациите пред нас продолжува и понатаму да го величи делото на борците за слободата на Македонија.И оваа година, по повод 109 годишнината од загинувањето на големиот македонски идеолог и војвода Даме Груев, се одаде почит на неговото дело преку маршот од Русиново кон планината Петлец на местото каде загинал заедно со своите соборци Сандо Китанов и Атанас Карчев.
Пред започнувањето на маршот „По врвиците на Даме Груев“ кон планината Петлец, пред споменикот на Даме Груев во Русиново свежо цвеќе положија делегација предводена од градоначалникот на општина Берово Драги Наџински, делегација од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на општина Берово, делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово и делегација предводена од пратеничката во Собранието на РМ Сузана Секуловска.

На селските гробишта во Русиново се одржа и панихида во спомен на тројцата војводи. Учесниците во планинскиот марш придружени со звуците на тапанот и зурлата и со македонската песна пред спомен-плочата, обележје на неговата смрт, се потсетија на неговите храбри чекори и подвизи, кои се и насока за понатамошните движења и дејанија на Македонците во борбата за национално ослободување.
Засекогаш ќе одѕвонуваат во историјата и длабоката колективна свест на Македонците, неговите историски вистини дека борбата е немилосрдна, но подобро е борба со крај, отколку ужас без крај, или Слободата е големо нешто – таа бара многу жртви, но е достижна. Се навршија 109 години од загинувањето на македонскиот великан Даме Груев, кој заедно соПетар Поп Арсов, Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Иван Хаџи Николов и Андон Димитров ги поставија темелите на ВМРО, која понатаму ќе одигра клучна улога во борбата за национално признавање на македонскиот народ и неговото државно правно конституирање.
Нејзините основачи беа одраз и носители на аспирациите и желбите на својот народ, како и на сеопштата тенденција во таа епоха на народите – за слобода и национална самостојност.

 
Девизата на Даме Груев „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“ ги отсликува сите маки и страдања на својот народ и таа е водилка во понатамошното обликување на македонскиот борбен дух, кој успеал да го прибере својот народ и да го канализара сиот гнев и револт, кој долги години се собирал кај поробениот македонски народ.
Потсетувајќи се на нивните дела и жртви, денес ние не можеме да ги премолчиме тие вистини, кои се баш македонски.И оваа година, по повод 109 годишнината од загинувањето на големиот македонски идеолог и војвода Даме Груев, се одаде почит на неговото дело преку

Пронајдете не на следниве мрежи: