Во објектот на детската градинка во Русиново се одржа завршна прес конференција во врска со проектот „Зелена иднина за нашите деца“ кој започна со реализација во 2014 година.На прес конференцијата свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Берово Драги Наџиски, директорките на детските градинки од Берово Фимка Ковчегарска и од Гоце Делчев – Бугарија Марјана Костадинова, како и претставници од тимот кој го имплементираше проектот кои ги презентираа досегашните реализирани активности и постигнати резултати во овој трет проект од низата на успешно завршени проекти на Општина Берово преку програмата за прекураничка соработка Македонија – Бугарија.
Носител на проектот беше Општина Берово, а партнер во проектот беше детската градинка “Џани Родари“ од општина Гоце Делчев од Бугарија и истиот е финансиран од Оска 2 Подобрување на квалитетот на живот, Област на интервенција- искористување на природните ресурси.
Со реализацијата на проектот во Општина Берово целосно е реконструирана детската градинка „23 Август“ во с.Русиново со изведување на систем за максимална заштеда на енергија.
Проектот опфаќаше целосна реконструкција на кровната конструкција на објектот, замена на постоечката столарија со нова ПВЦ столарија со петкоморен профил, реконструкција на фасадата со вградување на тврдо пресуван стиропор со дебелина од 12 см, вградување на соларен систем за користење на сончева енергија како и систем за парно греење со топловоден котел на пелети.
Проектот опфаќаше и замена на парниот котел во детската градинка во Берово со парен котел на пелети. Со реализацијата на проектот, реконструирана со зголемување на енергетската ефикасност е и детската градинка “Џани Родари“ во Гоце Делчев. Директни резултати од проектот ќе бидат реализирани иницијативи кои имаат ефект за заштитата на животната средина со што ќе се подобри енергетска ефикасност на двете јавни градинки и допринесе за намалување на загадувањето на животната средина во прекуграничниот регион.
Проектот треба да постигне и зголемување на чувствителноста на населението по прашањата за заштита на животната средина и развој на образовна еколошка програма за обновлива енергија и заштита на животната средина за малите деца. Изведувач на градежните активности во Русиново беше ДПУГ “Универзал Градба“ ДООЕЛ од Струмица.
Дечињата од детската градинка во Русиново пред присутните гости облечени во Македонска народна носија изведоа неколку традиционални макеонски ора.На прес конференцијата свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Берово Драги Наџиски, директорките на детските градинки од Берово Фимка Ковчег