Културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2017” е во полн ек. Звучни музички имиња и популарни музички групи, и годинава ги забавуваат посетителите на 12-тото по ред издание на оваа манифестација. Утре вечер, сабота, во Паркот на бранителите во населбата Драчево, концерт ќе одржи македонската поп ѕвезда Сара Мејс.Со утрешното случување, уште еднаш се потврдува заложбата на Општина Кисела Вода, како организатор, за презентирање и афирмирање на квалитет, естетика и следење на желбите на граѓаните, со чии сугестии беше креирана целокупната програма.Досега, посетителите на Културното лето “Три круши 2017“, имаа можност да уживаат во одличниот настап на македонските фолк ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова со чиј концерт се отвори оваа манифестација. Културното лето со својот настап го збогатија членовите на етно составот “Чалгија Саунд Систем”, како и миленикот на публиката Миле Кузмановски. Од летната сцена прозвучеа и “Дипломатик бенд“ , тамбурашкиот оркестар “Ѓезме“, како и популарното македонско дуо “Силви Бенд“, а до крајот на месецов кога и официјално завршува оваа традиционалана манифестација, ќе настапат и КУД Китка од Драчево, како и Сузана Спасовска со “Академци”.Општина Кисела Вода ги поканува сите сите љубителите на музичката експресија на Сара Мејс, да бидат дел од утрешното случување во Паркот на бранителите. Концертот ќе започне во 20 часот и 30 минути.Со утрешното случување, уште еднаш се потврдува заложбата на Општина Кисела Вода, како организатор, за презентирање и афирмирање на квалитет, естет
Пронајдете не на следниве мрежи: