среда, 25 ноември 2026
Најново

Во Скопје затворени улиците за Водици

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајната полиција при СВР Скопје по повод големиот христијански празник Водици задутре ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници во централното градско подрачје и во општина Ѓорче Петров, информира МВР.
 Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.
Во општина Ѓорче Петров, пак, од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по улицата „Ѓорче Петров“, па лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и „Александар Циборовски“ до Железничкиот мост на реката Вардар.Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата &bdquo

Поврзани вести