Во Смојмирово интензивно се работи на изградбата на улицата од регионалниот пат Берово – Пехчево која води до цркватаПреку програмата за улици и патишта, во тек е постапката за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот за реконструкција на улица во с.Смојмирово која започнува од регионалниот пат Берово – Пехчево се до црквата во селото.
Реализацијата на проектот преку кој ќе биде изградена улицата во с.Смојмирово која започнува од регионалниот пат Берово – Пехчево се до црквата во селото влегува во интензивна фаза на изведба на подготвителни градежни активности.
Улицата која е една од приоритетните улици во Смојмирово и поврзува поголем број на индивидуални семејни објекти со останатата патна мрежа и истата ќе се изгради во должина од околу 860 метри со што постоечката траса комплетно ќе биде реконструирана и комплетирана со современ коловоз.
Новопроектираната улица ќе ја следи посточката траса на улицата и расположливиот простор, со што истата ќе биде асфалтирана во широчина од 3,5 метри со асфалтен битуменизиран носив абечки слој БНХС 16а со дебелина од 8 сантиметри и тампонски слој од 30 сантиметри.
Покрај тоа ќе биде решено и одводнувањето на сообраќајницата преку изградба на каналети од двете страни на улицата со широчина од 0,5 метри, додека преку засебен проект ќе се изгради и мост на реката преку која поминува улицата.
Овој проект ќе се реализира со средства одобрени по аликација на општина Берово од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој, како и со средства од Буџетот на општина Берово.Преку програмата за улици и патишта, во тек е постапката за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот за реконструкција на улица во с.Смојмир