Во што се претворил животот на добитникот на најголемата лото премија во светот?

Кога во 2002-ра година освоил 314 милиони долари не ни очекувал дека животот ќе му се промени на овој начин. Кога во 2002 година освои 314 милиони долари, најголемата досегашна премија на лотаријата Пауербол, сопственикот на градежната компанија од Вирџинија Џек Витекер имал најдобри намери: планирал десет проценти од својата награда да ја поклони на својата црква, да врати на работа некоi од работниците кои морал да ги отпушти, и да основа добротворна организација. Арно ама…
Размислувал за тоа да купи хеликоптер, да ги разгали ќерката и внукот, но бидејќи веќе бил милионер, мислел дека парите нема да влијаат на него, и на неговиот живот од кои бил сосема задоволен, и дека ќе се одвива во нормален тек.
Само четири години подоцна, во 2007-мата бил потполно скршен човек. Внуката му починала од злоупотреба на наркотични средства, а тој самиот бил познат по возење во пијана состојба и посетувања на стриптиз барови, а станал потенцијална жртва на чести кражби при кои го изгубил целото богатство. Наредната година се развел со жената, а набрзо починала и неговата ќерка.
Витекер е можеби најдрастичниот пример, но прилично 70% од луѓето кои ќе добијат голема сума во игрите на среќа, во рок од неколку години го губат сето богатство, а често и пријателите и фамилијата.
Пријателските и фамилијарните односи лесно се претвораат во финансиски, околу добитникот се движат сите кои бараат помош, од хумантирани организации, па до далечни роднини, крадци и слично. Голем е процентот добитникот да започне со неконтроирано трошење на тие пари, или пак да се навлече на некој од денешните пороци.
Поради тоа, Мајкл Боун, американски експерт за располагање со имот, добитник на големи премии советува да останат анонимни кога и да дозволува законот, односно на секој начин да се обидат да не привлекуваат внимание, парите да ги вложуваат во нешто што донесува повратна добивка и да продолжат да ги негуваат досегашните односи со блиските пријатели и фамилијата.
think.mkКога во 2002 година освои 314 милиони долари, најголемата досегашна премија на лотаријата Пауербол, сопственикот на градежната компанија од Вирџини

Пронајдете не на следниве мрежи: