Продолжува континуитетот на локалната самоуправа за чистење на дивите депонии на територија на општина Кисела Вода.Градоначалникот на општината денес беше на ул. Герника во селото Драчево каде веќе трет пат годинава се чисти сметот оставен од страна на несовесните граѓани. И покрај сите апели од општината, и покрај засилените инспекциски контроли од оваа локација на секоја акција за чистење се собираат повеќе од 10 тони смет и градежен шут. Акцијата за расчистување која започна денес ќе се одвива во наредните неколку дена.Ваков смет се отстранува и при редовното чистење на каналот на Мала Рада во селото Драчево, но и на повеќе микро локации низ целата општина кои се веќе дефинирани како црни точки.Укажувањето дека средствата кои Општина Кисела Вода ги издвојува за справување со несовесноста на граѓаните кон сопствената животна средина , може да ги пренамени за реалзиација на бројни проекти за подобрувањена комуналната инфраструктура,треба да служи како превентивна алатка за справување на вакви девијантни појави.Активностите на општина Кисела Вода за расчистување на теренот ќе продолжат , но повтороно сакаме да апелираме за совесно однесување како и за почитување на законските одредби кои за вакви дела предвидуваат казни во висина од 50 евра за физички лица и 2000 евра за правни лица.Истовремено ги охрабруваме граѓаните кои ќе детектираат и директно ќе посведочат на несовесно однесување на одредени граѓани кои незаконски го одложуваат отпадот на јавна површина, веднаш да ги пријават во Комуналната инспекција при Општина Кисела Вода.Градоначалникот на општината денес беше на ул. Герника во селото Драчево каде веќе трет пат годинава се чисти сметот оставен од страна на несовесни
Пронајдете не на следниве мрежи: