Во тек е турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп

Веќе традиционално по 8-ми пат во Прилеп се одржува турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ посветен на светителот кој е заштитник и патрон на Прилеп. Турнирот започна на 12-ти, а ќе трае се до 28-ми декември. На него учествуваат 37 екипи од повеќе градови од Македонија. 
„Овој турнир како идеја потекна од страна на компанијата Комфи Ангел точно пред 8 години и ние како локална самоуправа веднаш го поддржавме. Започна како мал турнир, а денес тој веќе претставува препознатлив бренд за Прилеп на кого учествуваат екипи од цела Македонија. Ова е еден од најголемите вакви турнири во мал фудбал кои се одржуваат во државава. Целокупниот награден фонд на турнирот е 300.000 денари кои се наменети за прво, второ, трето и четврто место. Овој турнир има исто така и хуманитарен карактер и парите од влезниците и дел од котизацијата на средствата ќе бидат неменети за купување на потребна едукативна опрема за дечињата од градинките „Наша иднина“. Сакам да искажам голема благодарност до Комфи Ангел како општествено одговорна компанија, другите спонзори и пред се до Прилепска пиварница која оваа година обезбеди поголем дел од паричните средства за организација на турнирот“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Натпреварите се одржуваат во спортската сала „Арена Сонце“. Првонаградената екипа добива 125.000 денари, второ пласираната 70.000 денари, трето пласираната 45.000 денари, а екипата која ќе го освои четвртото место ќе добие 20.000 денари.
„Бидејќи Прилеп е фудбалски град, пред 8 години дојдовме до идеја да се врати фудбалот во Прилеп и ја покренавме оваа иницијатива за турнирот. Многу ми е мило што после 8 години овој турнир во мал фудбал стана еден од најреномираните во Македонија“, истакна Ирена Јакимоска, менаџер на Комфи Ангел.
Натпреварите започнуваат во 14.30 часот, а траат се до 22.30 часот. Влезот е 30 денари, средства кои потоа се донираат во хумани цели.
„Новитет оваа година е тоа што ги анимиравме и пионерите од 2002, 2003 и 2004 година со цел да го збогатиме турнирот. И за нив исто така се предвидени награди. Исто така оваа година за ветераните организиравме и еден помал турнир, каде ќе се натпреваруваат поранешни играчи од цела Македонија и ќе ја збогатат манифестацијата. Нивната награда е 15.000 денари, и тука кој и да го освои првото место сите средства се донираат за хуманитарни цели“, кажа Александар Најдоски, координатор на турнирот.
Од локалната самоуправа на Прилеп потенцираат дека годинава љубителите на спортот во Прилеп имале можност да уживаат во голем број на домашни и европски првенства кои се организираа тука од повеќе спортови, а особено од екстремните спортови. Турнирот во мал фудбал „Св. Никола“ бил како една завршна манифестација на спортските настани во градот за 2016 година.
  
„Овој турнир како идеја потекна од страна на компанијата Комфи Ангел точно пред 8 години и ние како локална самоуправа веднаш

Пронајдете не на следниве мрежи: