Во тек се активностите за санација и рехабилитација на свлечиштето на дел од регионалниот пат Пробиштип – Крупиште, кај с.Неокази. Со цел увид во динамиката и дефинирање на следните активности, во просториите на општина Пробиштип се одржа координативен состанок на кој присуствуваа претставници од Европската Унија, УНДП, Изведувачот ГД “Гранит“ и надзорот над работите “Студио Атриум“, а потоа се изврши и увид во активностите на терен.Реализацијата на овој проект ќе опфати изградба на потпорни ѕидови со анкерисување поради стабилизација на земјиштето, изградба на канал за одведување на водата, а на крајот ќе биде поставен и нов асфалтен слој – истакна Градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Тони Тоневски. Градоначалникот Тоневски нагласи дека со изведување на овие градежни активности трајно ќе се реши проблемот со ова свлечиште, а според предвидената динамика сите активности треба да завршат во рок од 8 месеци, односно до крајот на Ноември 2016.
Средствата за реализација на проектот во висина од 14.500.000 денари се обезбедени од Европската Унија, а целиот проект е во имплементација на УНДП.
Реализацијата на овој проект ќе опфати изградба на потпорни ѕидови со анкерисување поради стабилизација на земјиштето, изградба на канал