RACING EXTINCTION, документарен филм режиран од оскаровецот Луи Психојос со својата светска премиера ист ден во 220 земји и територии преку Дискавери Каналот.Дискавери со задоволство Ве информира дека ги обезбеди правата за дистрибуција и емитување на документарниот филм RACING EXTINCTION, режиран од добитникот на оскар, режисерот Луи Психојос, кој ќе се емитува по неговата светска премиера на филмскиот фестивал “Санденс“. Документарниот филм премиерно ќе се прикаже во ист ден на сите 220 пазари на кои се емитува Discovery.
Во револуционерниот документарен филм RACING EXTINCTION, режисерот Луи Психојос и екипата која стои зад филмот The Cove, награден со оскар, собираат тим од уметници и активисти на нова тајна задача – откривање на скриениот свет на загрозени видови и раси, како би ги заштитиле од масовно изумирање. Задачата ја пренесуваат преку инфилтрација во светските најопасни црни пазари за трговија и со користење на висока технологија за откривање на врската меѓу емисија на јаглероден диоксид и изумирањето на најразличните видови и раси. Документарецот открива зачудувачки, никогаш досега видени слики кои можат многу да помогнат во промена на начинот на кој го гледаме светот. Racing extinction ќе биде катализатор за поголема и подолготрајна кампања чија цел е да ги обедини луѓето да со заеднички напори настојуваат да се намалат емисиите на јаглерод диоксид и со тоа директно да учествуваат во спречување на изумирањето на најразличните видови и раси во светот.
“Овој проект има аспирација да собере што е можно повеќе луѓе да го погледнат филмот како би ги поттикнал на акција – очекувањата се поставени многу високо, но нашиот тим здружен со силата и опфатот на Дискавери ширум светот уверен сум дека можеме да ја постигнеме зацртаната цел. Воодушевен сум од работата на сите кои се вклучени во овој проект- ова е остварување на сонот на секој документарист.“ – изјави режисерот Луи Психојос.
“Пораката на филмот RACING EXTINCTION на Луи Психојос е од исклучително значење за опстанокот како таков. Секој човек на планетата мора да го погледне овој филм.“ – Џон Хофман, извршен потпредседател за документарни и специјални програми на Дискавери.
Трејлерот за документарецот можете да го погледнете на следиот линк
Впечатоци од екипата која ќе работи на светската премиера по потпишување на соработката за светската премиера на документарниот филм Racing extinction:
“Прикажувањето на филмот RACING EXTINCTION, во 220 земји и територии во светот нема само да биде забавно туку и ќе ја потикне публиката кој зачувување на еколошко стабилна планета за сите кои живеат на неа.“ – Фишер Стивенс, продуцент на филмот.
“Климатските промени и киселоста на океанот имаат значајно влијание врз живиот свет низ целата планета. Со Дискавери каналот, кој овој филм го претставува пред светот, имаме неверојатна прилика да се спротивставиме на нивното изумирање.“ – Оливија Ахнеман, продуцент на филмот.
“Воодушевени сме од фактот што Discovery Channel е наш партнер за емитување на филмот. Неговата огромна глобална публика ќе ни овозможи да го прошириме нашиот досег во сите аспекти на оваа кампања. Посветеноста на Discovery да го емитува овој филм пред своите гледачи ќе ја потикне свеста за масовното изумирање на глобалната медиумска сцена и низ емоционална поврзаност со природата ќе ја потикне публиката низ целиот свет да преземе акција.“ – Керол Томко, генерален менаџер и креативен директор на Вулкан Продукција.
“Прикажувањето на RACING EXTINCTION ист ден во целиот свет е остварување на сонот. Со ова ќе можеме да го обединиме светот и заедно работиме за здрави океани и здрава планета.“ – Диетер Паулман, извршен продуцент и основач на фондацијата Океанос.Дискавери со задоволство Ве информира дека ги обезбеди правата за дистрибуција и емитување на документарниот филм RACING EXTINCTION, режиран о