Богата документација од богатите велешки трговски семејства.Меморандуми од пред стотина години кои и денес изгледаат европски. Прошталното писмо на првоборецот Васил Антевски Дрен пред да биде стрелан.Документи кои биле јатаците на Јован Бабубнски, кој во која војска служел.Документ стар дваипол века се чува во велешкиот Архив и тоа е најстариот пишан документ во Повардарието. Со него се потврдува купопродажбата на имот од локален туски моќник извесен Мехмет Ахмет и велешки газда некој си Стојан Аџи Коста. Тапијата е oд 1768 година и напишана е на турски јазик со арапско писмо. Таа е дел од преку десетина илјади вредни документи кои ги има во Историскиот Архив во Велес, кој годинава одбележува 60 години работа. Иако стари и пожолтени, дел од нив се историски вредни.
Ова парче хартија покажува дека пред толку време на овие простори, во Отоманската империја, постоела редовна пишана документација, постоел и функционирал систем. Имаме документи кои покажуваат, кое село колку жители имало, по име и презиме, дури и кој колку данок плаќал. Најстариот документ, тапијата е подарена од граѓанин, кога Историскиот Архив се создавал во 1951 година. Тие знаеле дека тој ќе биде корисен и го дале да се сочува за идните геенрации – вели Слободан Ников раководител на Државен Архив на одделение Велес.
Тие во своите ормани уредно ги чуваат документите од управните служби, од правосудство, од војни инстиуции, од просветата, културата, од научни установи, од верски организации, од здравстени институции, од приватни лица, и сите заедно го отсликуваат животот во поширокиот регион. Во морето хартија внимание привлекуваат документите од општините Ораов Дол и Теово од 1918 до 33-та година. Овие две села денес бројат малку жители, но овие податоци кажуваат дека таму пред 80-тина години пулсирал живот, имало население и настани кои се запишани во историјата.
Во документите од Ораов Дол можат да се најдат имињата на четниците од одредот на српскиот војвода Јован Бабунски, потоа имињана лицата кои заминале на гурбет во странство, или служеле во турска, српска, бугарска војска. Тука е документ од српските полициски органи, до пониските служби во велешко, кои во 1924 година ги информираат, дека на 31 август е убиен Тодор Александров.
Од времето на НОБ има документација од бугарското обвинителство, преку кои може да се видат и дејствијата на партизаните, кои тогашната окупаторска власт ги бележела. Забележани се нивните апсењата, следењата на подржувачите на револуционерите. Како вредно се чува писмото на првоборецот Васил Антевски Дрен кое тој го пишува во затвор, пред да биде стрелан и адресирано е до неговиот брат. Во архивот има богата документација на велешани што тие ја оставиле да биде сочувана, за историјата.
Имаме одлична документација од приватни познати велешки семества. Тие откриват дека Велес од крајот на 19-тиот век бил културен центар. Имало богати семејства кои тргувале со Австро – Унгарија, Германија, Русија, со кожа, со афионово семе, житни култури, вино. Тука се трговците браќата Галистојанови, Киркови, Добреви, Каранфилови, Хаџимишеви, Хаџиничеви. Газдите на шарлагалницата Органџиеви и на туларницата на Лефкови -Вила Зора, исто така ја предале нивната архива кај нас. Од нив освен што може да се види кој колку должи, се гледа и која роба била најбарана. Имале извонредни меморандуми кои и денес и изгледаат европски, во боја се а биле создадени пред 150 години. Во архивот се чува и дел од приватната документација на Андреја Карпузов првиот дипломиран аптекар во Македонија – вели Ников.
Објаснува дека секој може да депонира материјал, по што давателот се изјаснува дали тој ќе биде достапен веднаш или по некое време. За пример ги посочува новинарот на радио Скопје Никифор Смилевски кој ја оставил целата негова работа. Исто така и Радио Велес, се што е сработено во оваа институција од 50 години работа е отспатено. Тоа е историјата на Велес, во втората половина на минатиот век. Или пак словенката Вида Балтиќ, сопруга на жупанот Вилко Балтиќ која ја оставила целокупната коресподенција и фотографии, со нејзината фамилија во Словенија. Пред некоја година за нејзиниот живот истражувале од Словенечката телевизија и ги користеле материјалите на велешкиот архив. Архивот граѓаните го открија за решавањена имотно правните проблеми Граѓаните дознаа за Архивот откако им требаа документи за решавање на имотно правно односи. Иако во центарот на Велес, малкумина знаат каде тој се наоѓа, па дури и најупатените, таксистите. Посебно актуелен Архивот беше при откупот на дворни места, за легализација на дивоградби и за денационализација. Во него се чуваат документите од Кралска Југославија како што се договори, наследни решенија, граѓански спорови, кој и денес им помагаат на жителите од Повардарието. Годишно тие добиваат околу илјада писмени барања од правни и физички лица, кои се однесуваат за регулирање на имотно-правните односи.
Годинава јубилеј од постоењето
Одделението на Архивот во Велес е формирано на 5-ти април 1951 година, имало задача да ги пронајде и осигура, попишува сите архиви и документи а делувало за Велес, Кавдарци, Неготинско и Свети Николе. Основач е професорот Петре Стојанов. Денес покрива подрачје од повеќе од 200 илјади население од Повардарието од Велес до Гевгелија. Овој јубилеј се планира да се одбележи со изложба, која ќе биде поставена во зградата на институцијата и во која ќе бидат презентирани најзначајните документи со кои тие располагаат. Архивот располага со 722 фонда, 9 збирки, 6701 книга, 8043 архивски кутии или во стандардите на архивското работење околу илјада единечни метри а дел од нив е обработен. Во необработениот може да се случи да се најде и документ со постар датум, од оваа турска тапија.Документ стар дваипол века се чува во велешкиот Архив и тоа е најстариот пишан документ во Повардарието. Со него се потврдува купопродажбата