Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, денеска изврши увид во изградбата на инфраструктурните проекти во општина Карбинци кои се реализираат со средстсва од Програмата за рурален развој.Костадиновски вели дека во завршна фаза е изградбата на локалниот пат од село Радање до археолошкиот локалитет Баргала во должина од едн и пол километар.
– Можеме да видиме дека изградбата е во завршна фаза и се очекува за десетина дена да биде пуштен во употреба овој локален пат со што жителите од локалните села и од Радање треба да добијат квалитетно изграден пат чија вредност е околу 11 милиони денари којшто ќе може да ги поврзува со локалитетот Баргала. Во насока на подобрување на ингфраструктурата за селото Карбинци се издвоени околу 12 милиони денари. Како што гледате градежните активности се во тек, се уредува пристапот, влезот во село Карбинци и како што можеме да видиме во најголем дел работите се завршени, вели Костадиновски.
Градоначалникот на општина Карбинци Зоран Минов вели дека жителите на неговата општина се задоволни што преку Програмата за рурален развој и со сретства од Владата се градат или се реализираат проекти кои се од големо значење за подобрување на животот во нивните села.
– Со изградбата на новата патна локална мрежа населението од плачковичките села скратува во време и километража за да стигнат до општината или до кое било друго населено место. Така дури 36 километри се крати со изградбата на локалениот пат од село Радање до археолошкиот локалитет Баргала, вели Миновски.
Заменик министерот Костадиновски забележа дека во изминатиот период во општина Карбинци преку Програмата за рурален развој во инфраструктурни проекти се инвестирани околу 1,2 милиони евра, а во моментов се гради и локален пат до селото Горно Трогерци во должина од 4 километри, чија вредност е околу 15 милиони денари.Костадиновски вели дека во завршна фаза е изградбата на локалниот пат од село Радање до археолошкиот локалитет Баргала во должина од едн и пол кило