ВО ЖИВО: Следете ја состојбата со бегалците на германско-австриската граница

Европа се обидува да изнајде нови начини за соочување со бегалската криза, која со секој изминат ден добива поголеми размери.Унгарија ја затвори границата со Србија, но околу 15 часот беше објавена информација дека група мигранти успеале да се пробијат пришто интервенирала унгарската полиција.
Полицајците употребиле сила при справувањето со мигрантите, по што беа повредени и неколку новинари и лекарски тимови кои се нашле во близина на настанот.
Како резултат на строгите мерки воведени од оваа земја, Австрија започна да ги контролира возилата што влегуваат на нејзина територија.
Потребата на бегаците да пристигнат што е можно побрзо во Германија, произлегува од одлуката на оваа земја привремено да го укине Шенгенот поради неконтролираните влегувања на нејзина територија.
Стотици мигранти спијат на железничката станица во Австрија, чекајќи го својот ред да влезат во возовите што сообраќаат кон Германија.
Заминувањето во саканите дестинации е отежнато, со оглед на фактот дека Германија очекува да прими преку 800.000 бегалци до крајот на годината.
Следете ја во живо состојбата со мигрантите на германско-австриската граница кај Салцбург.
Унгарија ја затвори границата со Србија, но околу 15 часот беше објавена информација дека група мигранти успеале да се пробијат пришто интервенирал

Пронајдете не на следниве мрежи: