Водете здрав и природен живот!

Секогаш сме во брзање во утринските часови, подготовка на децата за на училиште или подготовка на самите себе за уште еден работен ден. Секогаш е бурно и динамично и немаме време да седнеме и да јадеме нормален појадок. Решението е да си подготвите брзи и лесни smoothies за појадок. Освежителни и здрави мешавини ќе направат да имате совршен и здрав појадок тогаш кога ви е потребен најмногу, полн со витамини, минерали, антиоксиданси, од состојките кои го содржат како, овошје, зеленчук, јогурт. Подготовката на лесно smoothie за појадок е брза и одлична идеја за да ви даде поттик во утринските часови, исто така може да ги консумирате и во попладневните часови или како десерт.
Сега ќе ви претставиме неколку идеи кои што сакаме да ги споделиме со вас, за брза подготовка на вашето омилено „smoothie“, а кои не се состојат повеќе од 4 состојки:
1.Зелено смути (за две лица)
½ сок од исцеден портокал
2 манго големи
2 чаши сок магдонос или спанаќ
Мед(за вкус)
Ставете се во миксер и уживајте во вашиот појадок.
2.Морков-јаболко смути (за две лица)
1 големо јаболко
2 чаши сок свеж спанаќ
2 големи моркови
½ чаши вода
Добро вклопете ги и пијалакот е спремен.

3.Краставица – круша смути (за две лица)
1 краставица
2 чаши свеж спанаќ
2 круши
½ чаши вода
Добро вклопете ги во блендер додека не се соединат и уживајте.
4.Јогурт-бери смути (за две лица)
1 чаша замрзнати малини, капини, боровинки или јагоди (по ваш избор)
½ чаши ниско-масен јогурт
½ чаши сок од портокал или друг свеж сок
Ставете се заедно во блендер и така 30 секунди, за добро да се соединат состојките, па уживајте.
5.Соја млеко смути (за две лица)
1 чаша ванила млеко од соја
½ чаши замрзнати боровинки
½ чаши корнфлекс
1 замрзната банана, на парчиња
Ставете се во блендер и за 20 секунди ќе имате совршено смути за да го започнете денот здраво.Освежителни и здрави мешавини ќе направат да имате совршен и здрав појадок тогаш кога ви е потребен најмногу, полн со витамини, минерали, антиоксид

Пронајдете не на следниве мрежи: